Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен против Пролет и се подготвува за Магдебург!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер без многу напор си ја заврши задачата во Скопје и со победа од 31-25 над Пролет се врати на вистинскиот ритам во домашното првенство, веднаш по тешкиот дуел со ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Триумфот служеше и како добра најава за следниот европски предизвик — средбата со Магдебург во среда.

Иако битолчани настапија без Тајник и Абутовиќ, а тренерот Гарабаја одлучи да ја распредели минутажата речиси рамномерно, шампионот ја отвори средбата со импресивни 5-0 и рано ја постави контролата врз мечот. Домашниот Пролет успеа двапати да се доближи на само еден гол (7-6, 8-7), но Пелистер повторно ја крена играта и на полувреме замина со водство од 14-11.

Вториот дел донесе брза и убедлива серија на гостите — за само три минути разликата скокна на осум гола, што практично го реши прашањето на победникот. Тоа му овозможи на стручниот штаб на Пролет да им даде поголема минутажа на играчите кои поретко влегуваат во ротација, со цел да стекнат искуство за продолжението од сезоната.

Најрасположени за игра кај пелистерци беа крилата: Дејан Манасков со осум и Радивојевиќ со шест погодоци. Во составот на Пролет се истакна Стојановски со девет, а Симовски постигна пет гола.

Во следното коло, Еурофарм Пелистер ја пречекува дома екипата на Алкалоид, додека, пак, Пролет ќе гостува кај Радовиш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!