Ракомет

Гостинска доминација и историски успех за Охрид во Европа!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид одиграа уште еден феноменален натпревар и оставија силен впечаток во ЕХФ Европскиот Куп, убедливо славејќи на реваншот со Слога Добој со 42-18. Ова е најзначајниот европски успех во историјата на клубот, откако за првпат стигнаа до ТОП 16, надминувајќи две рунди на турнирот.

Од самиот почеток, гостите ја презедоа контролата над натпреварот. Голманот Кристијан Пилиповиќ, како и во првиот меч во Охрид, повторно блескаше со 14 одбрани и успешност од 59%, поставувајќи темпо што домаќините не успеаја да го следат. Во вториот дел, шанса добија и Даниел Ѓорѓески и Бојан Блажески, кои продолжија во ист ритам и соборија седум удари на домаќините.

Охрид поведе рано со 6-1, а потоа со 9-2 уште еднаш потврди кој е доминантен во двомечот. На полувреме, предноста беше 19-8, а „гладијаторите“ не попуштаа, дополнително ја зголемувајќи разликата во вториот дел.

Тренерот Борис Ројевиќ ги зачува силите на Дарко Ѓукиќ и Владимир Бојаниќ, пред дуелот со Вардар следниот викенд, давајќи им можност на младите и на играчите со помала минутажа. Шипинкоски и Ристески оставија силен печат со шест постигнати гола.

Со оваа победа, Охрид ја зацврсти својата европска репутација и се позиционира меѓу најдобрите екипи во Купот, продолжувајќи го впечатливиот европски поход. После овој двомеч, екипата на Охрид ги очекува своите следни предизвици со значително зголемена самодоверба и амбиција оваа сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!