Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар неприкосновен – нова победа и цврсто лидерско место во Првата лига

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Вардар ја продолжи победничката серија и со сигурни 0-2 се врати од гостувањето во Струмица, каде во рамки на 14. коло ја совлада екипата на АП Брера. Тимот на Гоце Седлоски повторно ја демонстрира својата стабилност и контрола, запишувајќи ја 11. сезонска победа и останувајќи непоразен во досегашниот тек од првенството.

Тежок и разгазен терен, кал и ограничени услови за комбинациона игра – но тоа не го спречи вардарци да наметнат притисок и темпо. Иако првото полувреме не донесе промена на резултатот, црвено-црните имаа неколку ветувачки ситуации. Најблиску до гол беше Едиз Спахиу, кој во завршницата на првиот дел не успеа да искористи одлично нафрлување од десната страна.

По паузата, Вардар ја засили офанзивата и тоа веднаш даде резултат. Во 53. минута, по убава акција низ казнетиот простор, Михаил Талевски успеа да ја спроведе топката во мрежата и да донесе водство. Голот беше проверуван неколку моменти поради сомнеж за офсајд, но на крајот беше правилно признат.

Печат на триумфот стави Димитар Тодоровски во 71. минута, кога пресече лошо додавање во домашниот шеснаесетник и рутински погоди за 0-2. Вардар имаше уште една желзена шанса преку Јанкулов, но стрелецот не беше прецизен за трет гол.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со оваа победа, Вардар се зацврстува на врвот со 36 освоени бодови. Зад него е Струга Трим Лум со 32 и натпревар помалку, додека Шкендија ја следи трката со 30 бодови.

Црвено-црните уверливо чекорат кон зацврстување на првото место, а нивниот низ од стабилни игри покажува дека амбициите за највисок пласман се сосема реални.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!