Фудбал

„Еден тим за секое дете“ – стартува национална кампања за нулта дискриминација во спортот

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

По повод Светскиот ден на детето, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ ја стартуваа заедничката кампања „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“.

Оваа кампања е насочена кон промоција на фер-плеј, инклузија и почитување на секое дете, со особен акцент на девојчињата, децата Роми и децата со попреченост.

„Обединети сме во грижата за децата и младите. И тоа е добро, затоа што само заедно можеме да ја оствариме целта – да имаме здрави поколенија со квалитетни знаења. Образованието е вистинскиот начин за градење спортски вредности. Преку наставни и воннаставни активности поставуваме темели за здрава спортска етика, за почитување на различностите и за поттикнување на учество на сите деца – девојчиња, припадници на ромската заедница и деца со попреченост,“ изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа исто така истакна дека кампањата е можност да се продлабочат наставните содржини на овие теми, а продолжениот престој во училиште, за кој Министерството се залага, да се искористи за воннаставни активности за градење култура на фер-плеј и инклузија.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со големо задоволство се приклучува на оваа заедничка иницијатива и им се заблагодаруваме на партнерите од ФФМ, Министерството за спорт и  МОН за нивната подготвеност да се спроведе ваков тип на кампања. Огромна благодарност и за поддршката од Канцеларијата на УНИЦЕФ која е од суштинско значење за да обезбедиме системски пристап во заштитата на децата од дискриминација во спортот. Заедно можеме и мораме да создадеме средина во која секое дете ќе се чуствува безбедно, прифатено и охрабрено да учествува. Во фудбалот нема место за предрасуди и стереотипи – има место само за почит, фер-плеј и еднаквост“ – истакна претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ.

На настанот, деца и млади спортисти имаа можност да учествуваат во отворена панел дискусија со фудбалери кои споделија искуства со дискриминација во спортот.

ФОТО:ФФМ

“Тука сме да покажеме дека различноста е сила и дека во нашиот тим има место за сите. Тим во кој нема место за дискриминација, говор на омраза или исклучување. Тим во кој секој има право да сонува и да успее,“ изјави Леонид Јандреоски, генерален секретар, ФФМ.

“Без оглед дали се темели на етничка припадност, пол, попреченост или социо-економско потекло, дискриминацијата го ограничува учењето, благосостојбата и можностите на децата во текот на целиот живот. Кога има фер-плеј, солидарност и почит, влијанието може да биде трансформативно. Сите ние можеме да бидеме дел од оваа промена, и сметаме на децата и младите да ја предводат промената,“ истакна претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер.

 

ФОТО:ФФМ

Таа ги повика сите млади спортисти да ги третираат другите онака како што би сакале самите да бидат третирани и да проговорат кога ќе забележат дискриминација; тренерите и родителите да бидат пример и да постават правила со нулта толеранција кон дискриминацијата, а лидерите и креаторите на политики да обезбедат секое дете да се вклучи во спорт без дискриминација и да ги проширaт инклузивните програми во училиштата, клубовите и заедницата.

За време на настанот, децата и фудбалерите од националната репрезентација ја подготвија заклетвата „Еден тим за секое дете“. Заклетвата ќе се сподели со сите клубови во земјата со повик до младите спортисти да ја прочитаат пред секој натпревар и тренинг. Таа ќе служи како потсетник на значењето на културата на фер-плеј, почит и солидарност во спортот и отворено зборување секогаш кога ќе се забележи неправда.

Во рамки на кампањата, училиштата и спортските клубови ќе добијат поддршка за организирање дискусии на теми поврзани со дискриминација, со цел децата полесно да ги препознаваат предрасудите, да ги разберат последиците од дискриминацијата и да научат како безбедно и правилно да пријават вакви случаи во спортот.

ФОТО:ФФМ

Кампањата ќе трае од 20 ноември 2025 до 1 март 2026 година, а во тој период партнерите ќе ја пренесуваат клучната порака – дека во нашиот тим има место за сите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!