Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен против моќниот ПИК Сегед

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер доживеа тежок пораз на гостувањето во Сегедин, каде унгарскиот ПИК Сегед славеше убедливо со 35-20 во рамките на Лигата на шампионите. Македонскиот шампион имаше солиден влез во натпреварот и кратко време парираше, но домашниот тим брзо ја презеде контролата и почна да ја зголемува предноста.

Клучниот фактор на натпреварот беше фантастичниот голман Роланд Миклер, кој со низа одбрани целосно го запре нападот на Пелистер. Сегед постепено ја градеше разликата, а во второто полувреме целосно ја потврди доминацијата.

Кај Пелистер, најпрецизни беа Дејан Манасков, Петар Атанасијевиќ и Алем Хаџиќ, секој со по три погодоци, но нивниот учинок не беше доволен за да се избегне убедлив пораз. За битолчани следува предизвикот на домашен терен против европскиот првак Магдебург.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 декември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!