Втора лигаФудбал

Ристов главен во Радовиш, Трпчевски го доби дербито на колото, Ќерими оди во Струмица

Сподели
Сподели

Утре се играат натпреварите од 13. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ФФМ ги делегираше судиите за утрешните натпревари.

Скопје на домашен терен ќе се соочи со Тетекс, каде за правдата ќе биде задолжен Ндерим Тефику од Куманово, негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а пак Никола Петковски, исто така од Куманово ќе биде четврт судија.

Диме Наумчески од Прилеп е делегат, а Бранко Величковски од Крива Паланка контролор.

Натпреварот меѓу Големо Коњари и Охрид е одложен бидејќи е поплавен теренот на домаќинот, истиот е одложен за 3 декември.

Делегирани судии на овој меч се Ангелчо Ристов како главен и Ване Дупкаров и Ване Данилов како помошници, сите од Неготино, а Ангел Гелов од Кавадарци е четврт.

Цане Будимов од Градско е делегат, а Марјан Петров од Кавадарци е контролор.

Струмичанецот Сашко Ристов ќе биде главен судија во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и Преспа од Ресен. Негови помошници ќе бидат Петар Манчев и Славе Станисавовски од Валандово, а пак Блаже Петковски од Миравци е четврт судија.

Делегат на средбата е Николче Ивановски од Битола, а пак Љубе Ристевски од Прилеп е контролор.

Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе им суди на Слога Виница и Саса, а негови помошници ќе бидат Александар Гигов од Штип и Зоран Саздовски од Скопје, а пак Спире Арсов од Кочани е четврт.

Цветко Костовски од Скопје е делегат, а Орце Стефановски од Кратово е контролор.

Бењамин Ќерими од Скопје ќе им суди на Беласица и Новаци, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Милан Петров од Скопје, а Здравко Костовски од Штип е четврт.

Делегат во Струмица ќе биде Бранко Богатинов од Кочани, а Петар Мантев од Неготино е контролор.

Дербито на колото меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница ќе го суди Стојанче Трпчевски од Скопје, негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски од Кавадарци, а пак Дарко Стојчевски од Скопје ќе биде четврт.


Делегат на средбата ќе биде Раде Гроздановски од Демир Хисар, а пак Тони Глигоров од Струмица ќе биде контролор.

Осогово дома ќе игра со Вардар Неготино, а ќе им суди Боби Величков од Велес, негови помошници ќе бидат Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, исто од Велес.

Илија Поп-Костов од Нов Дојран е делегат, а Раско Мишкоски од Скопје е контролор.

Марјан Дејаноски од Кичево ќе им суди на Победа и Кожуф во Прилеп, а негови помошници ќе бидат Стефан Стојановски и Мервин Топојани од Скопје, а пак четврт е Ненад Тодоровски.

Делегат е Борче Мирчески од Тетово, а пак Злате Лозаноски од Битола е контролор.

Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!