Ракомет

,,Црвено-црна” одмазда во Скопје: Кристијанштад падна со 35 гола!

Сподели
ФОТО: РК Вардар | АРХИВА
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 запишаа значајна победа во Европската лига откако во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Кристијанштад со 35-30. Со овој триумф „црвено-црните“ му вратија за гостинскиот пораз и повторно се искачија на врвот на табелата во својата група.

Дуелот започна нервозно и со многу непрецизни напади на двете страни. Вардарци не ги користеа првите контри, а Швеѓаните први дојдоа до водство преку Кавада од седум метри. Сепак, домаќините брзо се стабилизираа – Малус, Ќосевски и Тузолана ја вратија рамнотежата, а потоа блескаше голманот Валах, кој со неколку врзани интервенции иницираше серија од три гола и предност од 7-5. Разликата постепено се градела и по погодоците на Кавада и Малус, вардарци стигнаа до 10-7.

Во оваа фаза од мечот најрасположен кај Вардар беше Хориха, кој со три прецизни завршници ја одржуваше контролата на теренот. Но Кристијанштад не дозволи поголемо одлепување и со одличните завршници на Мансон и Биел Нилсен успеа да ја стопи предноста. Иако Вардар имаше две можности да замине на +2 пред полувреме, Митровиќ и Хориха не реализираа, па на одмор се замина со тесна предност – 17-16.

Вториот дел почна со доминација на голманите. И Валах и Ал-Хафаџи беа во свој ритам, а домаќините пропуштија два напади од пивот позиција. Гостите преку седмерец стигнаа до 20-19, но Митровиќ го скрши ритамот со важен погодок. Сепак, следуваа две грешки и нереализиран зицер на Тузолана, по што шведскиот состав израмни на 22-22.

Клучниот момент дојде во средината на второто полувреме. Малус и Боно ја искористија брзината во транзиција и донесоа ново водство, а по исклучувањето кај гостите Вардар максимално ја наплати бројчаната предност. Хориха и Тузолана погодија за 26-22, а веднаш потоа Јанковски реализираше на празна мрежа за највисоки пет разлика.

Кристијанштад се обиде да се врати со мини-серија, но секое нивно приближување го гаснеше Хориха со прецизни решенија во клучни моменти. Гостите дури реализираа и атрактивен „цепелин“, но тоа беше недоволно за пресврт во Скопје.

Најрасположен кај Вардар беше фантастичниот Дмитро Хориха со девет гола. Малус заврши со седум, а Милош Валах повторно беше столб на одбраната со 15 убедливи интервенции. За Кристијанштад најдобри беа Мансон со девет и Нилсен со осум погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!