РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со храбра и офанзивна постава во Кардиф – Милевски со неколку клучни изненадувања против Велс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На „Кардиф Сити стадиум“, каде атмосферата уште од претпладне беше на ниво на квалификациски спектакл, селекторите Благоја Милевски и Крег Беками ги објавија стартните состави за дуелот што директно може да го одреди освојувачот на второто место во групата и полесниот ривал во претстојниот бараж за Светското првенство.

Иако Македонија веќе има обезбедено учество во баражот, избраниците на Милевски тргнуваат по позитивен резултат што би ја олеснил патеката кон сонот – пласман на Мундијалот.

Изненадувања од Милевски – доверба за Велковски и нови решенија на крилните позиции

Најмногу внимание привлече одлуката на селекторот да му укаже доверба на Дарко Велковски, кој се најде во срцето на одбраната покрај Стојчевски и Зајков. Со тоа, Милевски направи значајна промена во реорганизацијата на дефанзивната линија, особено со оглед дека повредените Муслиу и Алиоски отпаднаа од конкуренција.

Дополнително, Атанасов овојпат мечот го започнува од клупата, додека на крилните позиции предност добија Ашковски и Илиевски.

Во офанзивниот дел, Милевски се реши за најкреативната варијанта – Елмас зад Миовски, тандем кој и претходно носел резултат и агресија во нападот.

  • Стартните состави за дуелот во Кардиф

Велс: Дарлоу, Вилијамс, Лавлор, Родон, Дасилва, Шехан, Вилсон, Џејмс, Кулен, Брукс, Џонсон

Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски, Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов, Алими, Елмас, Миовски

Судија на овој важен дуел ќе биде искусниот холандски арбитер Дани Мекели, чија судиска линија е добро позната на европските репрезентации.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!