Ракомет

Гогов: „Максимум на теренот за враќање на првото место“ – Вардар подготвен за Кристијанштад

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

По тесниот пораз во Шведска, Вардар се враќа дома за ново дерби од групната фаза на ЕХФ Европската лига. Во вторник во 18:45, „црвено-црните“ го пречекуваат Кристијанштад во СЦ „Јане Сандански“, со јасна цел – победа која ќе ги врати на врвот на табелата и ќе ја врати самодовербата во тимот.

Голманот на Вардар, Васил Гогов, потенцира дека тимот е решен да ги корегира пропустите од првиот дуел и ќе даде максимум на терен за да се врати на лидерската позиција во групата.

„Во Шведска направивме многу пропусти. Овие денови работевме да ги сведеме на минимум. Ќе дадеме максимум за да се вратиме на првото место во групата.“- изјави Гогов.

Вардар е решен да покаже сила пред своите навивачи и да ги поправи грешките од претходниот натпревар. Домашниот терен и дисциплината ќе бидат клучни за три бода, а сите очи ќе бидат свртени кон СЦ „Јане Сандански“ во вторник кога „црвено-црните“ ќе бараат нова европска победа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид продолжува со настапите во Супер лигата. „Гладијаторите“ во третото коло ги...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од Луксембург во рамки на првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани...

Поврзани написи
Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од...

Ракомет

Симиќ пред европскиот двомеч: „Во Кавадарци, во нашата сала и пред ‘Лозари’, ние се прашуваме за сè!“

Ракометарите на Тиквеш го продолжуваат европскиот пат со двомеч против Handball Esch...

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!