Ракомет

Чупиќ: „Мора да победиме – дисциплина, помалку грешки и полна сала“ – Вардар пред реванш со Кристијанштад!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

По тесниот пораз во Шведска, Вардар се враќа дома, подготвен за ново дерби од групната фаза на ЕХФ Европската лига. Во вторник во 18:45 часот, „црвено-црните“ го пречекуваат Кристијанштад во СЦ „Јане Сандански“ и бараат победа која ќе ги врати на врвот на табелата и ќе ја врати самодовербата пред домашната публика.

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, нагласува дека главните аспекти за подобрување се дисциплина во трчањето, намалување на техничките грешки и поддршката од домашната публика. Вардар мора да се врати на победнички пат и да одигра како фаворит пред своите навивачи.

„Нè чека реванш со Кристијанштад. Иако немавме многу време меѓу натпреварите, направивме добри тренинзи и одигравме детална анализа. Нападот 6 на 6 беше добар, но имавме многу технички грешки во транзиција и во трчањето – токму тоа го казнуваат скандинавските екипи. Една од главните задачи е поголема дисциплина во трчањето. Пред нашата публика мора да важиме за фаворит и да одиграме за победа. Ги повикувам навивачите да направат вистинска атмосфера и да ни помогнат да ја освоиме првата позиција.“

Чупиќ додава дека фокусот е чекор по чекор, почнувајќи од овој меч, и дека по зимските подготовки очекува Вардар да биде уште посилен и подготвен да се бори за највисоките цели.

„Сакаме да се вратиме по серијата без пораз што ја прекинавме во Шведска. Чекор по чекор – прво овој меч, па потоа следните два. По зимските подготовки очекувам Вардар да биде најдобар од февруари до јуни. Свесен сум каде сум дојден – Вардар секогаш мора да победува.“- изјави Чупиќ.

Вардар е подготвен за реванш пред домашната публика, со јасна стратегија и дисциплина како клучни фактори за победа. Сите очи ќе бидат свртени кон СЦ „Јане Сандански“ во вторник, каде „црвено-црните“ ќе бараат три бода и враќање на врвот на табелата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!