Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кметовска пред дуелот со Грција: „Првата цел ја остваривме, но не застануваме тука“

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Македонската репрезентација се подготвува за вториот квалификациски предизвик во циклусот за Евробаскет 2027, а атмосферата по победата над Данска е позитивна – но и натаму концентрирана кон задачите што следат. Веќе вечерва од 18:00 часот во СРЦ „Кале“ гостува селекцијата на Грција, фаворитот во групата „Ф“.

Искусното крило Ивана Кметовска имаше значајна улога во триумфот над Данска, особено во дуелите под кошот заедно со Мерит Хемпе и Матеа Николиќ. Таа истакнува дека успешниот почеток не треба да го намали фокусот, бидејќи пред тимот има уште многу работа.

„Првата цел ја остваривме, но не застануваме тука. Пред нас имаме уште пет натпревари во кои сакаме да реализираме уште некоја победа“ – вели една од најискусните во нашата селекција.

Македонија веќе ја анализира играта на Грција, репрезентација која загуби од Хрватска и сигурно ќе настапи дополнително мотивирана во Скопје.

„Имаме кратко време за некои подетални анализи. Сепак, се запознавме со нивната игра која ја прикажаа на средбата со Хрватска, која ја загубија пред својата публика. Значи ќе бидат уште помотивирани на вечерашниот меч. Не менуваме ништо во пристапот, знаеме колку можеме. Ќе се обидеме да одиграме уште поцврсто, особено во одбраната, затоа што против нас ќе имаме доста искусни кошаркарки како Спаноу и Фасула, кои заедно со Кристинаки се носителите на играта на противничката селекција“ – смета Кметовска.

Мечот се игра вечерва во „Кале“, со почеток во 18:00 часот, со директен пренос на МРТ3. Влезот за публиката е слободен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот...

Ракомет

Познати екипи кои ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските младинци со силна завршница до победа над Бугарија во Стара Загора

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа и пораз го заврши настапот на ФИБА YDF кампот во Чанаккале

Со победа на машката и минимален пораз на женската селекција, Македонија го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски најавува максимален пристап: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!