Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ашаданов со стратешка промена: Теа Трајковска влегува во составот за дуелот со Грција

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе влезе со една измена во составот за вечерашниот квалификациски меч против Грција, кој од 18:00 часот ќе се игра во салата „Кале“. Селекторот Александар Ашаданов одлучи да ја вклучи Теа Трајковска во финалните 12, како дел од планот да се засили играта под кошевите.

Оваа промена е направена согласно стилот и физичката предност на грчката селекција. Трајковска ќе биде дел од внатрешната линија покрај Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и сестрите Матеа и Милица Николиќ – сектор кој ќе има клучна улога во вечерашното дерби.

Во составот место нема Јана Пислевска, која и понатаму останува со тимот, исто како и Мартина Маркоска. Македонската репрезентација влегува мотивирано во двобојот, со јасна намера да дојде до позитивен резултат и да остане во трка за Евробаскет 2027.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!