Ракомет

Вардар без милост: Струга падна со 36-21!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар ја продолжи доминацијата во Супер лигата и со комбиниран состав ја запиша 12. последователна победа, славејќи убедливо над Струга со 36-21. Мечот практично беше решен уште во првите минути, бидејќи гостите тешко го следеа темпото поставено од „црвено-црните“.

Иако Чупиќ ги поштеди дел од носителите на играта – како Валах, Малус и Борозан, а недостасуваа и повредените Еспиња, Кеита, Лазаревски и Стаменковиќ – Вардар брзо изгради висока предност. Во првиот дел Гогов блесна со седум одбрани, пет удари на стативата дополнително го отсликаа притисокот, па резултатот 16-9 беше сосема очекуван.

Во продолжението, тренерот им даде повеќе простор на младите Стојановски, Ќосевски, Танкоски и Богдановски. Разликата само растеше и во 43. минута достигна +12 (24-12), а Струга немаше начин да се врати во игра.

Кај победниците најефикасен беше Харуки Кавада со шест гола, а веднаш зад него Танкоски со пет. За Струга најдобар стрелец беше Стефан Атанасовски со четири погодоци.

Во следното коло Вардар го пречекува Еурофарм Пелистер 2, додека Струга на домашен терен ќе игра против Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!