Ракомет

Алкалоид е максимален во Суперлигата, Охрид е втор, шампионот на четврто место!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По осум одиграни кола во ракометната Суперлига на Макеоднија, Алкалоид е максимален со 16 бодови на своето конто. Тимот од Автокоманда има осум од осум со убедливо најдобар напад кој е пред бројката од 300 постигнати погодоци, односно во моментот Алкалоид има 283 постигнати погодоци или во просек над 35 погодоци по натпревар.

На второто место е Охрид со 14 бодови и скор од седум победи и еден пораз од шампионот Еурофарм Пелистер со тоа што „гладијаторите“ ја имаат најефикасната одбрана која приминала 176 погодоци. Охрид во просек по натпревар примал по 22 погодоци.

На третото место е Вардар со ист број на бодови како и Охрид со тоа што најтрофејниот има скор од седум победи и пораз од Алкалоид.

На четвртото место е Еурофарм Пелистер со 12 бодови и скор од шест победи и два порази од Вардар и Алкалоид, вториот пораз му пресуди на тренерот Бранислав Ангеловски си поднесе оставка, а привремено екипата ќе ја води Звонко Шундовски, додека биде назначен нов тренер.

Бутел се зацврстува на петтото место со 10 бодови на своето конто со што скопскиот тим пополека, но сигурно го обезбедува местото во плеј-офот.

Тиквеш со променлива игра и натаму е неизвесен за плеј-офот со седум бодови кавадаречкиот прволигаш е на шесттото место.

Место за плеј-офот сакаат и Пролет кој е седми со шест бодови и Пролеп кој е осми со пет бодови, но трите порази во низа за прилепчани, од кои двата од Бутел и Тиквеш даваат сигнали дека прилепчани сепак многу веројатно е дека ќе бидат од плеј-аут сегментот каде.

Куманово е на деветтото емсто на табелата со четири бодов и скор од две победи и шест порази, а ист скор има и Струга која исто така со четири бодови е на 10. место.

Претпоследен е дебитантот Бисинов од Велес со три бодови на своето конто, а пак Радовиш е последен со еден бод. Всушност овие две екипи во меѓусебниот дуел одиграа нерешено и ги поделија бодови.

Двете екипи повеќе од јасно е дека ќе водат тешка борба за опстанок, а статистички се блиску една во однос на друга. Бисинов има постигнато 189 погодоци, а пак Радовиш 186 погодоци со што радовишани се најслаби од аспект на реализации, а пак Радовиш има примено 264 погодоци, додека пак Бисинов има примено 266 погодоци со што велешани ја имаат најслабата одбрана во лигата по осум кола.

  • ТАБЕЛА ОД СУПЕРЛИГА, 8. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!