Ракомет

Металург Автокоманда неприкосновен со Вардар, Ѓорче Петров убедлив против Куманово

Сподели
ФОТО: ЖРК Вардар
Сподели

Женската ракометна Суперлига продолжува во висок ритам со дерби натпревари кои уште еднаш потврдија дека елитата оваа сезона носи силна конкуренција и интересни приказни.

Во главниот град, Металург Автокоманда продолжи со шампионскиот чекор. Во градското дерби со Вардар, избраничките на Јулијана Дамчевска ја потврдија својата класа и победија со 33-28, во натпревар кој изобилуваше со динамика и висок интензитет.

По израмнетиот почеток, гостинките од Автокоманда постепено ја презедоа контролата врз играта, користејќи ја подолгата клупа и искуството во клучните моменти.

Вардар, и покрај одличното издание на Марија Голабоска која беше незапирлива со девет погодоци, не успеа да издржи до крајот во исто темпо.

Металург со оваа победа го задржа лидерското место и потврди дека тимот сериозно целосно е насочен кон домашната титула, покрај настапите на европската сцена.

Ѓорче Петров по елиминацијата во ЕХФ Купот против шпанскиот Елче, брзо се врати во препознатливото темпо.

„Лавиците“ беа убедливи на гостувањето во Куманово, триумфирајќи со 25-40, во меч каде што уште по првите триесет минути ја потврдија доминацијата.

Составот на Ѓорче Петров одигра разиграно и дисциплинирано, со многу разновидност во нападот, а повторно блескаа Теодора Дукоска и Стефанија Ѓорѓиевска, кои беа најпрецизни во листата на стрелци. Кај Куманово, најдобра беше Нена Нестороска со седум реализации и остави силен впечаток во самата игра иако нејзиниот тим загуби високо.

Со овие резултати, Металург Автокоманда останува лидер, додека Ѓорче Петров повторно фаќа залет по европската епизода. Женската Суперлига полека влегува во возбудлив период, каде секое коло може да донесе пресврт во трката за врвот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!