Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Женската кошаркарска репрезентација го стартува квалификацискиот циклус за Евробаскет 2027

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Вечерва од 19 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе се одржи првиот собир на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија. Од денес започнува првиот циклус од квалификациите за Европското првенство 2027 година.

Нашата репрезентација, која се наоѓа во групата „Ф“, во периодот од 12 до 18 ноември ќе одигра три натпревари. Со оглед на краткиот подготовен период, стручниот штаб предводен од селекторот Александар Ашаданов организираше мини-подготовки кои ќе започнат веднаш по првата прозивка.

Првиот натпревар во квалификациите Македонија ќе го одигра во среда, 12 ноември, кога во Скопје гостува селекцијата на Данска. Натпреварот ќе започне во 17 часот и ќе се одигра во салата на СРЦ „Кале“.

Во рамки на овој ноемвриски ФИБА „прозорец“, нашите кошаркарки ќе ги одмерат силите и со Грција (15 ноември, во Скопје) и со Хрватска (18 ноември, во Славонски Брод).

Согласно планираните активности, сениорките ќе имаат уште два тренинзи на 11 ноември – утрински од 10:30 до 12:00 часот и вечерен од 19:15 до 20:45 часот. Тренинг ќе има и на самиот ден на натпреварот со Данска, во терминот од 9:00 до 10:00 часот.

Селекторот Ашаданов за овој квалификациски циклус повика вкупно 16 кошаркарки:

  1. Анџелика Митрашиновиќ (Фрибург – Швајцарија)
  2. Илина Селцова (Серко Уни Ѓер – Унгарија)
  3. Мерит Хемпе (Сарагоса – Шпанија)
  4. Александра Стојановска (Неа Јониа – Грција)
  5. Матеа Николиќ (Баскет Алкамо – Италија)
  6. Тијана Митрева (Баскет Алкамо – Италија)
  7. Милица Николиќ (Рас – Србија)
  8. Ања Начевска (Мега – Србија)
  9. Ивана Кметовска (Баскет Кам 2011)
  10. Цветанка Димова (Баскет Кам 2011)
  11. Михаела Алексовска (Крива Паланка)
  12. Мартина Маркоска (Бадел 1862)
  13. Ива Чолакоска (Бадел 1862)
  14. Марија Николов (Бадел 1862)
  15. Елена Тасевска (Вардар)
  16. Јана Пислевска (Вардар)

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Гавриловиќ го објави списокот на одбојкарки за подготовките за Европската лига

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација во одбојка, Милош Гавриловиќ, го објави...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!