Ракомет

„Ќе го дадеме нашиот максимум за победа!“ – Јагуриноски го најавува дуелот со Алкалоид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во рамките на 12. коло од Супер лигата, ракометарите на Охрид ги очекува нов голем и важен предизвик – средба со силниот тим на Алкалоид, која ќе се одигра оваа среда- 12 Ноември во спортската сала „Билјанини извори“, со почеток во 19 часот.

Десниот бек на Охрид, Томислав Јагуриноски, го најави мечот за „Спортска Мрежа“ и истакна дека очекува дека неговата екипа ќе даде сè од себе против силниот противник:

,, Алкалоид е екипа којашто се гледа дека секоја година е тука, во трката за шампионската титула, се разбира ќе биде многу тежок меч. Ние ќе се подготвиме, ќе работиме, ќе го дадеме својот максимум, секако за да може да победиме бидејќи и Охрид во оваа сезона дојде како екипа што може да се бори со тие три екипи- Вардар, Еурофарм и Алкалоид, но сепак останува во среда да го дадеме нашиот максимум и да видиме како ќе биде. “- изјави Јагуриноски.

Екипата на Охрид ќе се обиде да го искористи домашниот терен и поддршката од навивачите за важен триумф. Очекувањата се динамична и неизвесна игра, каде секој поен ќе биде борба за лидерска позиција и самодоверба во продолжението од сезоната.

Навивачите можат да очекуваат спектакуларен натпревар и вистинска ракометна драма, па така средбата во „Билјанини извори“ ветува емоции и возбудлив спортски момент кој не смее да се пропушти.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на...

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех...

Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи...

Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!