Ракомет

Младост како брз воз помина низ Штип – лидерот од Богданци максимален!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Лидерот Младост од Богданци ја продолжува фантастичната форма откако запиша голем триумф на гостувањето кај Текстилец во Штип, славејќи со 22:35, во меч од 9. коло на Првата ракометна лига.

Во првите десетина минути беше израмнет резултатот, а потоа тимот од Богданци кој го води искусниот охридски стратег Горан Андоновски се одлепи и само ја билдаше резултатската предност и на крајот стигна до победа од 22:35.

Даниел Андоновски постигна 11 погодоци за победничкиот тим и воедно беше најдобар стрелец на мечот, а за Текстилец седум погодоци имаше Филип Џинес.

Претходно, во рамки на 9. коло екипата на Мулти Есенс со 24:44 славеше над Јехона, Драчево дома го доби Кичево со 52:21, а пак Вардар Неготино со 19:25 го доби составот на Преспа од Ресен.

Шампион загуби тесно со 32:34 од Овче Поле, а тесна победа имаше Македонија ЃП над Аеродром од 22:25.


На врвот од табелата е Младост до 16 бодови, Вардар Неготино е втор со 14 бодови, но има меч повеќе во однос на тимот од Богданци и во однос на Мулти Есенс и Драчево Јуниор кои го делат третото место со по 14 бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!