Ракомет

Тасески: ,,Со добра одбрана, верувам дека ќе дојдеме до победа!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид во среда ќе гостуваат во Скопје каде во рамки на 10. коло од Суперлигата ќе се соочат со тимот на Бутел Скопје. Натпреварот ќе се одигра во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18:00 часот.

Охрид го започнува згуснатиот распоред во месец ноември со тешко гостување кај тимот кој е познат по цврстата игра на домашен терен. Еден од поискусните во редовите на охридскиот состав, Иван Тасески, ја даде следната изјава во пресрет на мечот:

„Згуснатиот распоред во месец ноември го започнуваме со гостување кај Бутел, кој е доста незгоден противник, особено на домашен терен. Одиме максимално фокусирани и со добра одбрана верувам дека ќе извојуваме победа.“

Со ова охридскиот тим најавува сериозен пристап и целосна мобилизација во обид да освои нови бодови на тешкото гостување.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!