Младински фудбал

11 месеци казна затвор за родителот кој тепаше фудбалери на Брегалница во Штип

Сподели
Сподели

Основниот суд во Штип донесе пресуда за инцидентот што предизвика големо внимание во спортската јавност, а се случи на натпревар од младинските категории меѓу екипите на Брегалница и Шкупи.

Судот го прогласи за виновен обвинетиот А.А. од Скопје, родител на фудбалер на Шкупи, кој по завршувањето на натпреварот физички нападнал двајца играчи на домашниот тим. За стореното кривично дело насилство по член 386 став 4 од Кривичниот законик, тој е осуден на казна затвор од 11 месеци.

Инцидентот се случи на 24 август годинава, на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, веднаш по завршувањето на натпреварот од првото коло на помладата пионерска суперлига. Средбата заврши со победа од 2:1 за Брегалница, но наместо спортска атмосфера, мечот беше засенет од немили сцени во кои страдаа млади фудбалери.

Нападнатите играчи на Брегалница добиле телесни повреди, кои биле потврдени по извршен лекарски преглед во Клиничката болница во Штип. Настанот предизвика згрозување кај спортската јавност и бројни реакции од фудбалските клубови и родителите на младите спортисти, кои побараа поголема заштита и почитување на фер-плеј принципите на терените.

Со оваа пресуда, Основниот суд во Штип испрати јасна порака дека насилството, особено кога се работи за младински спорт, нема да се толерира и дека секој обид за нарушување на безбедноста на малолетни спортисти ќе биде соодветно санкциониран.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Данев: Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември во Нови Сад ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија. Дуелот ќе...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

Младински фудбалФудбал

Атлетико преку Талевска и Огненовска славеше над Вардар

Атлетико на крилата на Ивана Талевска и Андреа Огненовска го доби соочувањето...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!