Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс убедлив против Пелистер – Дарко Додев двоен стрелец!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалерите на Силекс продолжија со одличните партии во Првата македонска лига и на свој терен во Кратово пред верните „Кратери“ го совладаа Пелистер со 3-1, во рамките на десеттото коло. Победата им овозможи на кратовци да останат во самиот врв на табелата.

На натопениот терен под Осогово, избраниците на Александар Васоски од самиот почеток ја презедоа иницијативата и создадоа повеќе прилики кон голот на битолчани. Водството пристигна во 19. минута, кога Дарко Додев со удар од левата страна ја испрати топката во казнениот простор, а по одбиток од играч на гостите од Битола и стативата, таа заврши зад грбот на Јовчевски – 1:0. До крајот на првото полувреме Силекс имаше уште неколку можности преку Мирчевски и Пиреш, но резултатот остана непроменет.

Во вториот дел домаќините ја потврдија надмоќта и преку истиот играч дојдоа до зголемување на предноста. Во 54. минута, по една нафрлена топка од левата страна, Додев со прецизен волеј ја погоди мрежата на Пелистер за 2-0 и ја запечати својата извонредна форма.

ФОТО: Спортска Мрежа

Битолчани успеаја да се вратат во игра осум минути подоцна, кога Стефан Спировски се снајде најдобро во шеснаесетникот и со удар со лева нога намали на 2-1. Тој погодок внесе кратка неизвесност, но Силекс брзо ја врати контролата врз натпреварот и до крајот создаде уште неколку шанси.


Крајната потврда на триумфот стигна во 87. минута преку Миљан Говедарица, кој по индивидуален продор упати прецизен удар во долниот агол за конечни 3-1. До крајот домаќините можеа и до поубедлив резултат, но стативата и одбраните на Јовчевски го спречија тоа.

Со овој успех, Силекс ја запиша втората победа по ред и се искачи на третата позиција на табелата со 21 бод, само два помалку од врвот. Пелистер, пак, останува во долниот дел со седум освоени бода и продолжува со серијата на слаби резултати, и покрај промената на тренерот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Силекс ќе има тежок предизвик на гостувањето кај Вардар во Скопје, додека Пелистер на „Петар Милошевски“ ќе го пречека Тиквеш, во обид да ја прекине негативната серија.

Десетото коло се затвара утре со дербито меѓу актуелниот шампион Шкендија и освојувачот на Купот, екипата на Вардар.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот предизвик во Суперлигата против Куманово во гости, меч од 7. коло....

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман во следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник првиот чекор...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!