Со два натпревари беше отворено 6. коло на Трета лига – Запад, а кое ќе се комплетира денес со останатите натпревари.
Лидерот Камјани игра во фантастична форма и повеќе од јасно е дека цели кон шампионскиот пехар, а со тоа и кон баражот за Втора лига.
Лидерот со убедливи 2:6 славеше на гостување кај Ренова и на своето конто додаде нови три бодови. За домашниот тим Саити и Јакупи беа стрелци, а пак кај гостинот Ќамили и Бафтиари беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Џемаили и Исеини.
Трите бодови останаа во Кичево, откако Напредок со високи 4:0 славеше над Дрита. Сите погодоци беа постигнати во вториот дел, а резултатот го отвори Мојсеј Зафироски во 51. минута, а осум минути подоцна Жарко Симјаноски зголеми на 2:0.
До крајот на мечот Осман Исмаили ги постави конечните 4:0 откако беше стрелец на два погодоци.
Натпреварот во Кичево меѓу Напредок и Дрита започна со едноминутно молчење во чест на легендата на ФК Напредок, Зоран Ѓорѓиоски – Мрско.