Прва лигаФудбал

Работнички и Македонија ЃП ремизираа без голови на Арената „Тодор Проески“

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје беше сведок на тврд и израмнет натпревар меѓу Работнички и Македонија ЃП, кој заврши без голови (0-0) во рамки на десеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. Двата тима одиграа борбен меч, но и покрај неколкуте добри шанси, мрежите останаа мирни.

Работнички имаше најдобра можност на почетокот на средбата кога Димитар Трајков, по одличен пас од Манојлов, излезе сам пред голманот Јанков, но неговиот удар беше запрен на самата гол-линија. Гостите возвратија само неколку минути подоцна, по несигурна реакција во одбраната на „романтичарите“. Велиќ лошо ја врати топката кон сопствениот гол, па Василев беше принуден да интервенира со рака, што резултираше со индиректен удар за Македонија ЃП. И покрај тоа што беа во идеална позиција, фудбалерите на „лавовите“ не успеаја да реализираат.

До крајот на првиот дел, Македонија ЃП беше поактивен тим. Мартин Талаков имаше добра прилика, но беше блокиран во последен момент, па на паузата резултатот остана 0-0.

Во продолжението, Работнички ја презеде иницијативата. Ангелов и Кадриу се обидоа со удари од далечина, но без конкретен ефект. Иако домаќините беа поамбициозни, „лавовите“ умешно го контролираа ритамот и не дозволија сериозна закана пред нивниот гол.

Највозбудливиот момент во второто полувреме се случи во 87. минута кога Гереро за гостите се најде во одлична позиција, но голманот Васко Василев со блескава интервенција го спаси својот тим од пораз.

На крај, двете екипи мораа да се задоволат со бод – резултат кој можеби најреално го отсликува случувањата на теренот. Работнички со ова реми го освои шестиот бод сезонава, додека Македонија ЃП останува во средината на табелата со 13 поени.

Во следното коло, Македонија ЃП ќе ја пречека екипата на Башкими, а Работнички ќе гостува кај новајлијата Арсими.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!