Прва лигаФудбал

Сензационален триумф на Брера во Струга – прв пораз за лидерот!

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Големо изненадување во рамки на десеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. Струга Трим Лум, лидерот на табелата, го запиша првиот пораз сезонава, откако на домашен терен беше совладан од АП Брера со 2-4.

Струмичани одиграа еден од најдобрите мечеви сезонава и целосно заслужено ги освоија трите бода. Веќе по седум минути имаа водство од 0-2 благодарение на Наумчески и Кире Стојанов, кои со прецизни удари ја шокираа домашната публика на градскиот стадион во Струга.

Домаќинот се обидоа да се врати во натпреварот и тоа им успеа преку Зенку, кој со убав погодок намали на 1-2. Сепак, гостите повторно ја презедоа иницијативата и преку расположениот Ндзенгуе зголемија на 1-3.

До крајот на првото полувреме видовме вистинска фудбалска магија — Бесмир Бојку со фантастичен удар од далечина погоди за 2-3 и врати надеж за домашните. Но, сите дилеми околу победникот ги разреши токму Ндзенгуе, кој во вториот дел повторно го најде патот до мрежата на Николоски и постави конечни 2-4.

Брера со овој триумф покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека може да биде сериозен конкурент за висок пласман, бидејќи во последните четири кола освои дури десет бода. Струга, пак, и покрај поразот останува на врвот на табелата, но може да го загуби лидерското место доколку Вардар или Шкендија слават во понеделник.

Во следното коло Струга гостува кај Шкупи, додека Брера во Струмица ја пречекува Шкендија — дуел што ветува уште една фудбалска претстава со многу емоции.

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!