Прва лигаФудбал

Арсими приреди шок во Кавадарци – од 3:1 до 3:4 за неверојатен триумф!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими | Победничка атмосфера
Сподели

Фудбалерите на Арсими приредија едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек од сезоната, откако во Кавадарци по неверојатен пресврт славеа против Тиквеш со 3:4, во меч кој понуди вистинска фудбалска драма и ќе остане запаметен долго време.

Домашниот состав започна одлично и на полувреме замина со убедливо водство од 2:0, благодарение на двата гола на Берат Садик, кој ја предводеше напаѓачката линија на кавадарчани. На почетокот од вториот дел Шефит Шефити намали на 2:1, но Иван Ивановски бргу возврати и донесе ново водство од два гола за Тиквеш (3:1).

Во момент кога сите веруваа дека бодовите ќе останат во Кавадарци, гостите од Чегране одиграа фантастичен финиш кој ќе се прераскажува. Со гол во 85. минута Шефити го најави враќањето, а само две минути подоцна со прекрасен удар го комплетираше својот хет-трик и донесе израмнување (3:3).

Во судиското продолжение, кога домашните се обидуваа да го задржат барем бодот, Таипи беше најснаодлив во казнениот простор и ја испрати топката во мрежата за конечни 3:4 и ерупција на радост кај фудбалерите и навивачите на Арсими.

Со овој голем триумф, Арсими направи скок на табелата и ја потврди својата решителност да биде сериозен конкурент во елитата, додека Тиквеш по уште еден драматичен пораз ќе мора брзо да се консолидира пред следниот предизвик.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето на „FNC 34 Fight Nation Championship“, првиот настан на една од...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!