Трета лигаФудбал

Танески: Одиме мотивирани и подготвени да се вратиме на победничките патеки

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица
Сподели

Екипата на Света Троица од Охрид ќе гостува во Велешта во рамките на 6. коло од Третата лига – Југозапад, во меч кој носи големо значење за двата тима.

Охриѓани по пет одиграни кола имаат солиден биланс од две победи, едно реми и два порази, што им донесе седум бодови, додека нивниот противник Велешта сè уште ја бара првата победа во сезоната и со едно реми и пет порази се наоѓа на последното место на табелата.

Фудбалерот на охридсккиот третолигаш, Бојан Танески за Спортска Мрежа истакна оти верува дека ќе одговорат со вистински пристап и дека може да се вратат на победничките патеки.

„Не очекува гостување кај тежок и добро организиран противник, кој секогаш игра цврсто на свој терен. Веруваме во фер и коректна игра од страна на домаќините и очекуваме квалитетен натпревар. Нашата цел се трите бода – одиме мотивирани, подготвени да дадеме максимум и да се вратиме на победничките патеки“, изјави Танески за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Велешта и Света Троица ќе биде можност за охридскиот состав да потврди дека е на вистински пат и дека има квалитет за висок пласман на табелата во Трета лига – Југозапад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!