Останато

Одбојкарките на Јанта Волеј славеа историска победа во дебито во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: Јанта Волеј
Сподели

Македонскиот шампион Јанта Волеј со стил се промовира на европската сцена, совладувајќи го тимот на Гацко од Босна и Херцеговина со 3-2 во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите на ЦЕВ. Натпреварот во салата „Јане Сандански“ понуди вистинска драма и пет сета исполнети со борбеност и емоции.

Девојките започнаа сигурно, го добија првиот сет со 25-21 и ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен. Сепак, тимот на Гацко успеа да возврати со 21-25, израмнувајќи на 1-1 и најавувајќи неизвесен натпревар. Во третиот сет повторно блесна Јанта Волеј, кои со 25-22 ја вратија предноста, но Босанките повторно се изборија и со 20-25 израмнија на 2-2, па победникот мораше да се решава во тај-брејк.

Во петтиот, решавачки сет, македонските шампионки покажаа силен карактер и огромна желба за успех. Иако имаа негатива на почетокот, успеаја да се вратат и по голема борба славеа со 18-16, запишувајќи историска победа за клубот и македонската женска одбојка.

Најефикасна во составот на Јанта Волеј беше Мери Бошковска со 26 поени, одлична поддршка доби од Јасмин Ледезма со 19 и Татјана Јаневиќ со 16 поени. Кај гостинките од Гацко, се истакнаа Марија Фундуп со 23 и Ивана Радовиќ со 20 поени.

Реванш дуелот меѓу Јанта Волеј и Гацко ќе се одигра на 29 октомври во 18:00 часот во Босна и Херцеговина. Македонските шампионки ќе имаат шанса со нова победа да обезбедат пласман во следната квалификациска рунда и да продолжат да го испишуваат својот европски сон.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува...

Поврзани написи
Останато

Младинските турнири ја отворија новата сезона на домашната сцена

Со првите турнири во машка и женска младинска конкуренција стартуваше новата одбојкарска...

Останато

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската...

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!