Останато

Дојран ќе ги собере најдобрите каратисти од Балканот во СЦ „Истатов“

Сподели
Сподели

Нов Дојран ќе биде домаќин на едно од најголемите карате случувања во регионот – меѓународниот турнир „5 November Dojran Open“, кој ќе се одржи на 1 ноември годинава во спортскиот центар „Истатов“.

Организатор на настанот е Карате клуб Дојран, под покровителство на Светската карате федерација (WKF) и Карате федерацијата на Македонија, со поддршка и од Општина Дојран.

Овој престижен турнир ќе собере голем број натпреварувачи од десетина држави, меѓу кои Македонија, Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија и Црна Гора. Настанот ќе биде вистински спортски празник, на кој се очекува силна конкуренција и врвни борби во повеќе возрасни категории.

„Dojran Open“ станува препознатлив бренд во карате календарот на регионот, а и оваа година турнирот ќе биде можност за младите натпреварувачи да стекнат меѓународно искуство и да ги измерaт силите со најдобрите од соседството.

Публиката во спортскиот центар „Истатов“ ќе има ретка можност да ужива во ден исполнет со спорт, фер-плеј и карате дух, кој веќе традиционално го краси Дојран.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!