Кошарка

Шампионот Баскет Кам со победа ја отвори новата сезона во Првата женска кошаркарска лига – Димова постигна 28 поени!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Актуелниот шампион Баскет Кам ја запиша првата победа во новата сезона од Првата женска кошаркарска лига, совладувајќи ја екипата на МЗТ Бела Вода со резултат 69:53.

Тимот на тренерот Тони Симиќ имаше одличен старт на натпреварот, отворајќи го мечот со силен ритам и висока предност уште по првите десет минути – 21:7. Во втората четвртина шампионките продолжија во ист стил, успешно контролирајќи го резултатот и темпото на игра, па на полувремето веќе имаа убедливо водство од 43:21.

Во продолжението, Симиќ им даде можност и на кошаркарките од клупата како Дојчинова, Хафналуи и Божинова, кои добро ја искористија својата минутажа. Сепак, повторно најистакнати беа Димова со 28 поени и 8 скока, како и Поп Димитровска, која оствари дабл-дабл учинок со 10 поени и 10 скока, плус 2 асистенции. Кметовска и Адамовска дополнително ја заокружија доминацијата под обрачите со вкупно 26 скока.

Кај домаќинките од МЗТ Бела Вода, најрасположена беше американската кошаркарка Корли со 13 поени, Мариновска придонесе со 12, Димовска постигна 11, а Алексова реализира 10 поени.


Со оваа победа, Баскет Кам ја отвори сезоната во шампионски стил и покажа дека и оваа година ќе биде еден од главните фаворити за трофејот.

🏀 Прва женска кошаркарска лига

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО

  • МЗТ Бела Вода – Баскет Кам 53:69
  • Крива Паланка – Патриот 2016 103:44
  • Пробаскет – Бадел 1862 83:87
  • Вардар – Спорт Тим 94:50

Табела

Тим Бодови
Крива Паланка 2
Вардар 2
Баскет Кам 2
Бадел 1862 2
Пробаскет 1
МЗТ Бела Вода 1
Спорт Тим 1
Патриот 2016 1

Следно коло (25/26/29.10)

  • Спорт Тим – Пробаскет
  • Патриот 2016 – Вардар
  • Баскет Кам – Бадел 1862 (26.10)
  • МЗТ Бела Вода – Крива Паланка (29.10)


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!