Кошарка

ВИДЕО: Во Куманово немаше услови за игра – одложен натпреварот со Феникс

Сподели
Сподели

Планираниот натпревар од третото коло на Суперлигата, меѓу екипите на Куманово и Феникс 2010, кој требаше да се одигра вечерва во спортската сала во Куманово, е одложен за 24 часа поради небезбедни услови за игра.

По пристигнувањето на делегатите и екипите во салата, била извршена техничка контрола на теренот, при што е утврдено дека површината на паркетот е лизгава и не ги исполнува потребните услови за одигрување на натпревар. Причината за тоа е што претходно во салата бил одигран ракометен натпревар, на кој била користена специјална смола (лепило) за топката. Откако е направено чистење и полирање на паркетот, наместо подобрување, површината станала уште помалку стабилна.

По консултација со капитените и тренерите на двете екипи, како и со делегатот на натпреварот, донесена е заедничка одлука мечот да се одложи за еден ден, со цел да се овозможи целосно чистење на теренот и повторна проверка на безбедноста.

Од Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) информираа дека новиот термин за натпреварот е утре (четврток) со почеток во 20:00 часот, на истото место – спортската сала во Куманово.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!