Кошарка

Струмица ФМП убедлива во градското дерби – успешен старт и за Соколи и Охрид

Сподели
ФОТО: Принскрин
Сподели

Струмичкото дерби во целост ѝ припадна на екипата на Струмица ФМП, која запиша убедлива победа над градскиот ривал Ролинг со резултат 49:80.

Домаќинот имаше солиден почеток и ја доби првата четвртина со 20:19, но во продолжение на натпреварот, особено во второто полувреме, гостите доминираа целосно и ја поништија предноста на Ролинг. Второто полувреме заврши со импресивни 45:18 во корист на Струмица ФМП, па така конечните 80:49 беа повеќе од заслужени.

Во редовите на победникот најрасположени беа Александровски со 23 поени и Пандев со 20, додека кај Ролинг двоцифрен беше само капитенот Мицев со 13 поени.

Екипата на Соколи 1933 ја оправда фаворитската улога на отворањето на новата сезона во Првата лига, совладувајќи го Борец Баскет од Велес со 90:71.

Штипјани контролираа речиси цел натпревар – имаа предност од 22:15 по првата четвртина, а иако гостите се доближија на полувремето (40:36), во второто полувреме Соколи 1933 одиграа во силен ритам и стигнаа до убедлива победа.

Најефикасен во нивните редови беше Костадинов со 16 поени, следен од Хамилтон со 15, Коцев со 14 и Тодоровски со 10 поени. Кај Борец се истакна Сапроновски со 20 поени, Трпески додаде 18, а искусниот Штерјов постигна 13.

Екипата на Охрид стартуваше со победа на гостински терен, совладувајќи го Водно Санс со 68:80.

По изедначени три четвртини и резултат 54:56, охриѓани во последниот дел одиграа одлично, направија серија од 24:14 и го скршија отпорот на домашниот состав.


Во редовите на победниците Бојовски блесна со 24 поени, Стојаноски и Димитровски постигнаа по 15, а Кузманоски додаде 11. Кај Водно Санс најдобар беше Митев со 18 поени, Стојанов реализираше 17, а Бајалџиев постигна 16 поени.

🏀 Прва македонска лига – мажи

ГРУПА „А“

Резултати – 1. коло

  • Вардар – Тетекс ТТК 99:65
  • Мега баскет – Црн Дрим 86:80
  • Водно Санс – Охрид 68:80
  • Младинец – слободен

Табела

Тим Бодови
Вардар 2
Водно Санс 2
Мега баскет 2
Црн Дрим 1
Охрид 1
Тетекс ТТК 1
Младинец –

Следно коло (25.10)

  • Охрид – Младинец
  • Водно Санс – Вардар
  • Тетекс ТТК – Мега баскет
  • Црн Дрим – слободен

ГРУПА „Б“

Резултати – 1. коло

  • Спортисимо – Овче Поле 56:87
  • Ролинг – Струмица ФМП 49:80
  • Соколи 1933 – Борец баскет 90:71
  • Бутел – слободен

Табела

Тим Бодови
Овче Поле 2
Струмица ФМП 2
Соколи 1933 2
Борец баскет 1
Ролинг 1
Спортисимо 1
Бутел –

Следно коло (25.10)

  • Бутел – Овче Поле
  • Соколи 1933 – Спортисимо
  • Струмица ФМП – Борец баскет
  • Ролинг Струмица – слободен


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!