Ракомет

Никола Цветаноски повторно во дресот на Прилеп!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Ракометниот клуб Прилеп доби значајно засилување во пресрет на продолжението од сезоната – левиот бек Никола Цветаноски се враќа во редовите на прилепчани по кратката авантура во Словенија.

Поранешниот ракометар на Струга, Вардар Јуниор и Голден Арт летово замина во словенечкиот второлигаш Ајдовшчина, каде што имаше солидни настапи, но сепак реши повторно да заигра во домашниот шампионат.

Цветаноски во Прилеп остави длабока трага во претходните сезони, а неговото враќање ќе му донесе дополнителна стабилност на составот на Наум Танески во борбата за пласман во плеј-оф фазата на македонската Суперлига.

Прилеп по осум одиграни кола се наоѓа во средината на табелата, но со ова засилување добива искуство и ударна моќ која може да биде клучна во продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!