Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа во Кавадарци, еден ден по дуелот со Барселона

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Само 24 часа по жестокиот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Пелистер покажаа карактер и професионализам, славејќи на гостувањето кај Тиквеш 2014 со 30-25 во рамките на 7. коло од домашната Суперлига.

Иако заморот од европскиот настап беше очигледен, „зелените“ одлично го отворија натпреварот во салата „Јасмин“. Рано стекнаа предност од неколку гола благодарение на ефикасноста на Тајник, браќата Атанасијевиќ и Валид. Домаќините се обидоа да одржат чекор, но гостите со дисциплинирана одбрана и брзи транзиции заминаа на одмор со водство од 15-12.

Вториот дел донесе порамноправна игра и краток период на надеж за кавадарчани, кои во 43. минута израмнија на 18-18. Тиквеш имаше и можност првпат да поведе, но неколку нереализирани шанси и одлични интервенции на Мацанковски им го скршија ритамот.

По тајмаутот на тренерот Рубен Гарабаја, пелистерци се вратија со серија од шест гола без одговор, со што ја вратија контролата врз резултатот и мирно го приведоа натпреварот до крај.

Најефикасни кај победничкиот состав беа Петар и Павле Атанасијевиќ, Домен Тајник и Рудолф Хакбарт – сите со по пет постигнати голови, додека кај Тиквеш се истакнаа Мохамед Ахмед со осум и Димитар Коцев со седум погодоци.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер ја продолжува својата успешна серија на домашната сцена, покажувајќи дека и покрај згуснатиот распоред и европските обврски, останува главен фаворит за титулата во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања. По обврските во Лигата на шампионите и квалификациите за Европското првенство,...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито Вардар – Алкалоид

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката лига ќе го водат арбитрите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од...

Поврзани написи
Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито Вардар – Алкалоид

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката...

Ракомет

Јагуриноски: ,,Максимално сериозно против Младост за нови бодови”

По серијата предизвици во домашното првенство и ЕХФ Купот, ракометарите на Охрид...

Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!