Ракомет

Официјално: Младен Крсманчиќ нов член на ГРК Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

ГРК Охрид доби ново засилување во средниот ред – искусниот српски ракометар Младен Крсманчиќ од денес е дел од тимот на „гладијаторите“. Тој ќе го носи охридскиот дрес во наредниот период и ќе биде значајно оружје во борбата за домашната и европската сцена.

Крсманчиќ има 33 години и игра на позицијата среден бек, со висина од 184 сантиметри. Во својата богата кариера настапувал за клубови во Србија, Унгарија и Шпанија, меѓу кои Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна, Чургу, а македонската публика добро го познава по неговите одлични настапи за РК Вардар 1961 во изминатата сезона.
Покрај клупската кариера, Крсманчиќ има и настапи за сите младински категории и сениорската репрезентација на Србија, каде оставил значајна трага со своето искуство и лидерство на теренот.

„Драго ми е што станав дел од РК Охрид во моментот кога амбициите на клубот растат. Многу ми се допаѓа визијата на клубот и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми е пружена. Се надевам во наредниот период РК Охрид ќе испише историски успеси и во домашното првенство и на европската сцена како би ги израдувале нашите навивачи,“ изјави новиот среден бек на охриѓани.

Со ова засилување, ГРК Охрид добива искусен и проверен ракометар кој ќе донесе стабилност и креативност во нападот. Тимот на Борис Ројевиќ продолжува да го зајакнува составот со цел да ја продолжи успешната серија и да ја подигне конкурентноста на уште повисоко ниво.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!