Трета лигаФудбал

ФОТО: Влазними слави во Дебар и изби на врвот, Могила го доби дербито со Напредок во Ношпал

Сподели
ФОТО: Напредок Ношпал - Могила
Сподели

Могила однесе висока победа од 1:3 во дербито со Напредок во Ношпал од 5. коло на Трета лига – Југозапад.

Исходот по првите 45 минути беше 1:1, откако Драганчо Мицески го отвори резултатот за водство на Могила во 22. минута, а пак во 45. минута Филип Кебаковски израмни на 1:1.

Во вториот дел не требаше многу за гостинот да дојде до висока предност откако Димитар Николоски погоди во 47. минута за 1:2, а пак голгетерот Хакан Алимовски во 53. минута ги постави конечните 1:3.

ФОТО: Напредок Ношпал – Могила

Судијата Дарко Котевски имаше доста работа, откако за домашниот тим подели четири жолти картони, а за гостинот дури пет.

ФОТО: Напредок Ношпал – Могила

Натпреварот меѓу Караорман и Кравари во Струга беше единствениот каде мрежите останаа чисти, двете екипи ги поделија бодовите играјќи 0:0.

Демир Хисар ги собра трите бодови во Охрид благодарение на погодокот на Андреј Стевановски кој во 31. минута постигна гол за триумф од минимални 0:1 над Света Троица.

Влазними славеше со 0:2 на Градскиот стадион во Дебар против Кораб со што струшкиот тим е на врвот од табелата во Трета лига – Запад по пет кола.

Самед Кадриоски погоди во 27. минута за отварање на резултатот, а пак искусниот Аљтин Лога ги постави конечните 0:2 во 39. минута од средбата.


Велешта и Славеј од Мешеишта ги поделија бодовите во ефикасен меч со шест погодоци за конечни 3:3.

Гостинот од Мешеишта го отвори резултатот преку Климент Гиновски во 32. минута, а пред крајот на првиот дел Аљбрим Положани постигна гол за 1:1. Во вториот дел домаќинот направи пресврт преку Диели Каба во 55. минута, а по пет минути Никола Јордески постигна гол за 2:2.

Велешта дојде до нова предност од 3:2, откако судијата Енис Зекмановски покажа на белата точка за домаќинот, а Елмаз Шеи беше прецизен во 88. минута, но само една минута подоцна Антонио Ќитаноски ги постави конечните 3:3 за делба на „пленот“.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ВЛАЗНИМИ 5 4 0 1 15 8 +7 12
2 🔼 ФК КРАВАРИ 5 3 1 1 8 3 +5 10
3 🔽 ФК Могила 2023 5 3 1 1 16 7 +9 10
4 ФК ДЕМИР ХИСАР 5 3 0 2 10 8 +2 9
5 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 5 2 2 1 9 10 -1 8
6 🔼 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 5 2 1 2 8 7 +1 7
7 🔽 ФК КАРАОРМАН 5 2 1 2 9 8 +1 7
8 ФК КОРАБИ 5 1 1 3 5 12 -7 4
9 ФК НАПРЕДОК с.Ношпал 5 1 0 4 8 12 -4 3
10 ФК Велешта Унитед 5 0 1 4 6 19 -13 1


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Менада испрати две силни пораки: Петровска и Хусеин се засилувања со шампионско искуство!

ЖФК Менада од Тетово продолжува амбициозно да го гради тимот за својата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!