Трета лигаФудбал

Рамадани херој на Фортуна, Еуромилк ГЛ ништо не го запира, три бода за Куманово!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Вистинска голеада беше шестото коло во Трета лига – Север, погодоци од меч во меч се повеќе и повеќе, а денес најмалку имаше на мечот меѓу Студеничани и Фортуна, откако гостинот со голот на Шуајб Рамани славеше со минимални 0:1.

Кадино се покажа лесен залак за Пчиња, откако славеше со убедливи 8:0, а некогашниот второлигаш никако да излезе од резултатската криза.

Хет-трик постигна Димитар Стојановски, двапати погоди Бобан Стојановски, а по еден гол имаа Александар Божинов, Христијан Стојчевски и Јованчо Цаневски.

БВК Коњаре со 3:1 забележа важен триумф над одличниот Аеродром, во меч каде за домаќинот двапати погоди Муадх Куртиш за водство од 2:0, а во 36. минута Стефан Богдановски намали на 2:1. Во вториот дел Руфат Чалафи стрелаше во 81. минута за конечни 3:1.

Беса Сарај на домашен терен забележа пораз од тимот на Ржаничино – исходот беше 2:3. Во првиот дел паднаа четири погодоци, а гостинот имаше рано водство од два погодоци преку Стефан Ѓорѓиев и Халил Калач по девет минути игра.

Брзо реагираше домаќинот и на полувреме дојде до 2:2 преку Зирап Имери и Летурим Таири. Во вториот дел борба од двете екипи за гол и три бодови, а Петре Тасевски во 86. минута беше прецизен за конечни 2:3 со што трите бодови заминаа кај гостинот.

Во 90. минута Венхар Незири доби втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Еуромилк ГЛ продолжува да ги декласира своите противници, а денес тимот од Горно Лисиче со 6:1 го доби Лопате.

Михаило Митров го отвори резултатот, а пак Шенур Незири си постигна автогол за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Орхан Мифтар, Јовица Радевски и Ахмед Бакијов зголемија на 5:0, а пак Ринор Исени намали на 5:1.

Во 68. минута конечните 6:1 ги постави Томче Павловски, со што некогашниот прволигаш продолжува да ги полни мрежите на противниците на патот кон баражот за Втора лига.


Трите бодови останаа во Слупчане откако Беса со 5:3 го доби Башкими Љуботен, каде за домаќинот погоди Шуајб Барајми за отварање на резултатот, а двојни стрелци беа Фатим Бајрами и Бехар Демири. За гостинот во првиот дел погодија Харис Исљами и Зибер Ајдари, а во вториот дел погоди Фаредин Исени.

Куманово однесе висока победа над Отља, но се решаваше во финишот од мечот. По една минута игра Гезим Бакиевски погоди за 1:0.

Отља бараше начин за израмнување, а Куманово преку Кристијан Златковски кој погоди двапати во 72. и 77. минута дојде до високи 3:0, а во 85. минута Бехар Реџепи ги постави конечните 4:0.


Главниот судија Фуркан Фетаху кај домашните додели еден жолт картон, а кај гостинот пет жолти, а пак во стручниот штаб на Шемси Незири му додели два жолти картони и во 70. минута го напушти теренот.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 6 6 0 0 35 6 +29 18
2 🔼 ЗГ ФК КУМАНОВО 6 5 1 0 16 3 +13 16
3 ➖ ФК БВК КОЊАРЕ 6 5 1 0 20 8 +12 16
4 🔼 ФК ПЧИЊА 2015 6 4 1 1 23 6 +17 13
5 🔽 ФК Аеродром 2018 6 4 1 1 16 8 +8 13
6 ➖ ФК РЖАНИЧИНО 6 3 1 2 16 9 +7 10
7 ➖ ФК БЕСА с.Слупчане 6 3 1 2 15 17 -2 10
8 🔼 ФК ФОРТУНА 1975 6 2 2 2 7 7 0 8
9 🔽 ФК БЕСА – Скопје 6 1 2 3 8 16 -8 5
10 ➖ ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 6 1 1 4 14 27 -13 4
11 ➖ ФК Студеничан 6 0 3 3 5 12 -7 3
12 ➖ ФК КАДИНО 6 1 0 5 6 26 -20 3
13 ➖ ФК ЛОПАТИ 97 6 0 0 6 6 21 -15 0
14 ➖ ФК ОТЉА 6 0 0 6 5 26 -21 0


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!