Ракомет

Охрид со подмладен состав против Баки во реваншот од Европскиот Куп

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација ги потврди официјалните состави за вториот натпревар меѓу ГРК Охрид и азербејџански Баки, во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, овојпат реши да им даде шанса на младите сили. Искусните Гоце Ојлески, Градимир Чаневски и Анте Иванковиќ ќе ја следат средбата од трибините, додека нивното место во составот ќе го пополнат Христијан Пупунцоски, Бојан Крстевски и Илија Трајчески — прогласен за најкорисен играч на пионерскиот фајнал-фор минатата сезона.

По убедливата победа на Охрид во првиот дуел со резултат 44-11, реваншот во СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 часот ќе биде повеќе прилика за проверка и ротација, отколку натпревар со резултатска неизвесност.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!