Трета лигаФудбал

Нов кикс на Овче Поле – прв бод за Светлост, Ударник пресилен за Рудар, Дојчинов херој во Делчево!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ударник ја забележа најубедливата победа во рамки на 6. коло на Трета лига – Исток, откако на домашниот терен во Пирава со 3:0 го декласираше составот на Рудар од Пробиштип.

Домаќинот преку Јовче Крстев дојде во водство од 1:0 во 18. минута од мечот, а со тој резултат заврши и првиот дел од средбата. Во второто полувреме Трајче Бошков во 68. минута беше прецизен за 2:0, а по три минути игра Крсте Тодоров ги постави конечните 3:0.

Нов кикс за тимот на Овче Поле откако одигра 1:1 на гостувањето во Зрновци кај последнопласираниот Светлост, а за домаќинот ова е прв сезонски бод.

Павел Русевски го отвори резултатот во 23. минута. Гостинот од Свети Николе бараше можност за втор погодок, но не успеваше во таа намера, а пак домаќинот преку Илија Шуманов во 81. минута ги постави конечни 1:1.

Главниот судија Борче Коцев имаше доста работа бидејќи додели четири жолти картони кај домашниот тим, а пак кај гостинскиот тим додели пет жолти картони на играчите, а жолт картон му покажа и на тренерот Јорданчо Трендафилов.

Јован Дојчинов одново е херој за Брегалница Делчево, откако постигна погодок во 96. минута за бод на неговиот тим кој ремизираше со Хоризонт Турново 2:2.


По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме беа постигнати четири погодоци, а Дојчинов го отвори резултатот за водство на Брегалница во 56. минута од 1:0. По осум минути игра Горан Стојанов погоди за 1:1, а пак искусниот Дејан Блажевски во 83. минута погоди за 1:2 и водство на тимот од Турново.

Во 88. минута судијата Тоше Џамов покажа црвени картони капитените на двете екипи односно Дарко Пешовски кај Брегалница и Наум Блажевски кај гостинот за неспортско однесување.

Во судиското надополнување одново Дојчинов се покажа херој за Брегалница и со погодок донесе бод за неговиот тим откако ги постави конечните 2:2.

Екипата на Карбинци со двата погодоци на Марио Атанасовски дојде до триумф над Малеш од Берово со резултат од 2:1.


Домаќинот двата погодоци ги постигна во првиот дел, а во второто полувреме поточно во 66. минута Матеј Милчовски ги постави конечните 2:1.

Одложениот меч меѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро ќе се одигра во друг термин, а истиот е одложен на барање на гостинскиот тим до Дојран. Во рамки на 6. коло слободна беше екипата на Тиверија од Струмица.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 🔼 ФК ПОБЕДА Валандово 4 4 0 0 10 2 +8 12
2 ➖ ФК УДАРНИК 5 4 0 1 14 7 +7 12
3 ➖ ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 5 3 2 0 20 10 +10 11
4 🔽 ФК КАРБИНЦИ 6 3 2 1 11 7 +4 11
5 ➖ ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 6 3 1 2 12 7 +5 10
6 ➖ ФК Брегалница 1926 6 3 1 2 12 10 +2 10
7 ➖ ФК РУДАР 1947 Пробиштип 6 2 1 3 5 8 -3 7
8 🔼 ФК ТИВЕРИЈА 5 1 0 4 5 11 -6 3
9 🔽 ОФК МАЛЕШ 5 1 0 4 8 16 -8 3
10 ➖ ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 5 1 0 4 4 12 -8 3
11 ➖ ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 5 0 1 4 5 16 -11 1


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!