Трета лигаФудбал

Дуков постигна четири гола – висок триумф на Росоман, Превалец, Питу Гули и Ултрас пресилни!

Сподели
ФОТО: Бучин - Превалец
Сподели

Трета лига – Југ урива рекорди по постигнати погодоци, а во петтото коло на шест натпревари беа постигнати вкупно 35 погодоци.

Екипата на Превалец како на тренинг меч го доби Бучин на гостински терен со убедливи 0:6. Натпревар на тотална доминација на велешкиот тим, а гостинот беше инфериорен да може да парира.

Лука Наумов во 18. минута го отвори резултатот за водство на гостинот од 0:1, а до крајот на првиот дел Маријан Здравевски и Александар Јордановски постигнаа погодоци за 0:3 на полувреме.

ФОТО: Бучин – Превалец

На самиот старт од вториот дел Давид Спиридонов погоди за високи 0:4, а во 63. минута Благојче Ефтинџиоски си постигна автогол, додека пак Пеце Стојанов во 72. минута ги постави конечните 0:6.

ФОТО: Екипата на ФК Превалец

Со резултат од 0:6 славеше и тимот на Питу Гули од Крушево на гостувањето кај Младост во Кривогаштани.

Домаќинот издржа едно полувреме откако Кирил Пупуноски погоди во 30. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел стрелаа Ѓорѓи Срезовски, Унча Бојаџиев, а пак Адмир Угљанин постигна два гола. Ивица Мијајлески си постигна автогол.


Слободан Дуков сам го победи Дреново со четири погодоци за голема победа на Росоман од 8:2.

За домашниот тим двапати погоди Кадир Куртишов, а по еден гол постигнаа Стефан Костовски и Блаже Цветков за голема победа на Росоман. За гостинот во вториот дел погодија Ангел Коцев и Ернес Амедоски.

Најнеизвесно беше на мечот меѓу Влазними Јуниор и Башкими од Јаболчиште, откако домаќинот победи со 2:1.

Гостинот преку Адмир Азизов дојде до предност од 0:1 на полувреме, а во вториот дел преку Фљамур Рустеми и Мевљан Усеиноски кој погоди од белата точка домаќинот направи пресврт за победа од 2:1.


Тополка немаше сили и доживеа висок пораз на домашен терен откако загуби од Ултрас со 0:6.

Даниле Богојевски го отвори резултатот во 26. минута за 0:1, а во 43. минута Дарио Наумовски погоди за 0:2 на полувреме.

Во вториот дел Наумовски имаше уште два погодоци за негов хет-трик, а по еден гол постигнаа Бобан Тошески и Миодраг Тасески од белата точка.

Ланскиот второлигаш Борец со 4:0 забележа домашна победа над Венец од Долни Дисан. Милан Чичевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Илхан Имеров и Теодор Мирчевски.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БОРЕЦ 1919 АД 5 4 0 1 18 1 +17 12
2 🔼 ФК РОСОМАН-83 5 3 2 0 14 6 +8 11
3 🔽 ФК ПРЕВАЛЕЦ 4 3 1 0 21 2 +19 10
4 ➖ ФК ПИТУ ГУЛИ 4 3 1 0 15 2 +13 10
5 ➖ ФК УЛТРАС 5 3 1 1 18 8 +10 10
6 ➖ ФК Влазними Јуниор 5 3 1 1 12 10 +2 10
7 ➖ ФК БАШКИМИ 2008 4 1 2 1 9 4 +5 5
8 ➖ ФК Бучин 5 1 2 2 4 12 -8 5
9 ➖ ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 5 1 1 3 8 10 -2 4
10 ➖ ФК МЛАДОСТ 1930 5 1 0 4 4 24 -20 3
11 ➖ ФК МЛЕКАР 4 0 1 3 1 12 -11 1
12 ➖ ФК ДРЕНОВО 2016 4 0 1 3 4 18 -14 1
13 ➖ ФК ТОПОЛКА 5 0 1 4 1 20 -19 1
14 ➖ ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!