Ракомет

Охрид без проблеми го „реши“ Баку, реваншот само формалност

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид со убедлива победа го отворија настапот во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Азербејџанскиот претставник Баку немаше одговор за моќното темпо на „гладијаторите“, кои славеа со високи 44-11.

Од самиот почеток се наметна јасна разлика во квалитет – Охрид брзо поведе со 5-1, потоа со 10-3, а на полувремето веќе имаше огромни +17 (24-7).

ФОТО: Спортска Мрежа

Голманот Чаневски беше еден од хероите на натпреварот со дури 22 одбрани и извонредни 68% успешност.

Во второто полувреме тренерот Ројевиќ им даде шанса на сите ракометари, но темпото и резултатот продолжија во ист ритам, сè до конечните 44-11.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасни кај охриѓани беа Иванковиќ со 9 гола, Ојлески и Ѓукиќ со по 6, додека кај Баку се истакна Мамадов со 4 погодоци.

ФОТО: Спортска Мрежа

Реваншот утре во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде само рутина пред полните трибини и уште една можност за уживање во ракометна вечер.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со оваа форма, Охрид веќе може да го очекува следниот предизвик меѓу најдобрите 32 екипи во Европа.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

Ракомет

Ѓукиќ останува во Охрид: Искусното крило не оди во Партизан!

Дарко Ѓукиќ останува дел од Охрид и во новата сезона, со што...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!