Втора лигаФудбал

Беласица остана без тренер – Александар Стојанов поднесе оставка по поразот во Кочани!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Беласица остана без тренер откако Александар Стојанов, шефот на стручниот штаб на екипата од Струмица си поднесе оставка после денешниот пораз во Кочани, кога струмичани беа поразени со 3:1 од Осогово во меч од 8. коло.

Ова е втор сезонски пораз за Беласица, но втор во низа откако во претходното коло Беласица загуби дома од Шкендија Арачиново со минимални 0:1, а сега загуби со 3:1 во Кочани од Осогово.

Стојанов се огласи по поразот и ја превзема целата одговорност на себе и поднесува оставка од позицијата шеф на стручен штаб во Беласица.

„Во спортот успехот и неуспехот се рамо до рамо,некогаш ќе бидеш победникот а некогаш ќе се соочиш и со поразот. Правилните возачи кога тимот победува целото величење го насочуваат кон тимот а кога ќе се сретнат со поразот превзимаат се врз свои плеки. Можеби факт во моментот е дека не е тоа што треба да биде и не е тоа според очекувањата на клубот, а и јас сум тренер кој бара успех а кога има неуспех и после два едно по друго порази имам доблест да ја превземам целата одговорност врз мој грб. Дадов се што можев да дадам до сега,се посветив целосно со цело срце и душа за овој клуб но некогаш кога почнува нешто да не оди сваќаш дека е време да се повлечеш само за да оди клубот до зацртаната цел. Се надевам на крајот од првенството дека клубот кој за мене значи светост ќе биде на местото на кое припаѓа во македонскиот фудбал. Од денес со тешко срце но со човечка, спортска и пред се тренерска доблест се повлекувам од позицијата шеф на стручен штаб на ФК Беласица. Голема благодарност на сите во клубот од претседеталот Пинда, играчите,стручниот штаб, економот и нашите најверни навивачи Ајдуци кои сите овие натпревари ни беа 12-ти играч. Беласица останува дел од мене и понатаму. До следно видување. Само Беласица“, вели Стојанов.

Беласица по осум кола е на третата позиција со 16 бодови, четири помалку од Брегалница и Шкендија Арачиново.
Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!