Втора лигаФудбал

Кои играчи треба да бидат внимателни со жолти карти во Втора лига?

Сподели
Сподели

Овој викенд се играат натпреварите од 8. коло на Втората лига, а поради пет акумулирани жолти картони кои по автоматизам значат дека фудбалерот го пропушта следниот натпревар, осмото коло ќе го пропушти фудбалерот на Преспа, Александар Попоски.

Тоа значи дека Попоски со пет акумулирани жолти картони нема да може да настапи за Преспа на натпреварот против Каменица Саса во Македонска Каменица.

Но, има доста фудбалери со по четири жолти картони, кои доколку добијат жолт картон во осмото коло, ќе значи дека ќе одмараат во деветтата рунда.

Со по четири жолти картони се Никола Стоиловски и Михаил Николов од Осогово, четири жолти картони има и голманот на Детонит Плачковица, Димитар Ѓоргиев.

По четири жолти картони имаат и Бурим Алиев од Каменица Саса и Амир Фејзулаи од екипата на Преспа.

  • КОМПЛЕТНА ЛИСТА НА ФУДБАЛЕРИ СО АКУМУЛИРАНИ ЖОЛТИ КАРТОНИ:

🟨 Фудбалери со акумулирани жолти картони

  • ФК ПРЕСПА – Александар Поповски (5)
  • ГФК ОСОГОВО – Никола Стоиловски (4)
  • ГФК ОСОГОВО – Михаил Николов (4)
  • ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – Димитар Ѓоргиев (4)
  • ФК КАМЕНИЦА САСА – Бурим Алиев (4)
  • ФК ПРЕСПА – Амир Фејзулаи (4)
  • ГФК ВАРДАР Неготино – Димитар Јанкулов (3)
  • ГФК ВАРДАР Неготино – Ристе Лембовски (3)
  • ГФК ОСОГОВО – Кристијан Ристовски (3)
  • ГФК ОСОГОВО – Давид Ристовски (3)
  • ГФК ОСОГОВО – Христијан Поп Антоски (3)
  • ЗФК НОВАЦИ 2005 – Христијан Драгарски (3)
  • ЗФК Шкендија Арачиново 77 – Дарио Десниќ (3)
  • ФК БЕЛАСИЦА АД – Марио Наумоски (3)
  • ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД – Дамјан Масевски (3)
  • ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – Никола Сарески (3)
  • ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – Филип Ѓорѓиевски (3)
  • ФК КАМЕНИЦА САСА – Бојан Иванов (3)
  • ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – Христијан Бејков (3)
  • ФК ПОБЕДА АД – Давид Јошески (3)
  • ФК ПОБЕДА АД – Андреј Петрески (3)
  • ФК ПРЕСПА – Дани Фикри (3)
  • ФК СКОПЈЕ АД – Кристијан Николовски (3)
  • ФК ТЕТЕКС 1953 – Агрон Елмази (3)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!