РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ремизираше со Унгарија на квалификацискиот турнир

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонија до 17 години го започна квалификацискиот турнир со реми против Унгарија 2:2, во меч во кој двапати се враќаше од негатива и покажа голем карактер во борбата за пласман меѓу двете најдобри селекции во групата.

Унгарците први дојдоа до водство во 23. минута преку Ноел Полонкаи, но нашите млади репрезентативци не се предадоа. До крајот на првото полувреме, по една мешаница во шеснаесетникот, најдобро се снајде Јаков Стојковски и ја испрати топката во празната мрежа за 1:1.

На почетокот од второто полувреме капитенот на Унгарија, Левенте Бошзе, со прецизен удар од слободен удар повторно донесе предност за својата селекција. Сепак, избраниците на Влатко Колев покажаа карактер и во 67. минута дојдоа до ново израмнување. Исламовиќ одлично асистираше со атрактивно додавање до Мартин Џангаровски, кој смирено реализираше за конечни 2:2.

Во второто коло, во сабота, Македонија ќе се сретне со Чешка, која во првиот натпревар убедливо го совлада Гибралтар со 13:0.

Македонија: Амин Суловиќ, Никола Митев, Марко Иванов, Грегоријан Михајловски, Филип Цветковски, Бленди Љачка, Андреј Цветковски, Мартин Џангаровски, Васко Папалиски (Лука Кнежевиќ 63’), Јаков Стојковски (Ердин Мамути 90’), Фадил Исламовиќ (Михаил Митревски 90’).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!