ФудбалЧетврта лига

ОФЛ Струмица: Спартмани гостува во Ново Село, Слога од Злеово оди кај Интер Кукла во Куклиш!

Сподели
Сподели

В недела започнува новата сезона во Општинската фудбалска лига во Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Со вкупно осум екипи од кои седум од струмичко и една од радовишко ќе биде составена ОФЛ Струмица за сезона 2025/2026.

Во рамки на првото коло Напредок во Радово ќе го пречека тимот на Илинден од Добрејци, додека пак Дрвош како домаќин ќе игра против Единство од Пиперово.

Екипата на Слога од радовишкото село Злеово ја очекува гостување кај Интер Кукла во Куклиш, додека пак Огражден во Ново Село ќе биде домаќин на Спартмани од Балдовци.

Натпреварите ќе започнат во 14 часот.

По неколку години пауза се реактивира Општинската фудбалска лига во Струмица, а Општинскиот фудбалски сојуз Струмица на чело со претседателот Илија Илиев – Рома и секретарот Столе Костадинов уште еднаш покажа дека е одлично организиран со визија и стратегија за долг период.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!