Трета лигаФудбал

ФК Фортуна демантира: Ги отфрламе сите обвинувања, натпреварот беше организиран по сите прописи

Сподели
ФОТО: ФК Фортуна
Сподели

Натпреварот од 5. коло на Трета лига – Север меѓу Фортуна и Пчиња не го дочека својот крај, откако истиот беше прекинат во 75. минуат поради ицидент.

Според првичите инфорамации и соопштението на ФК Пчиња, домашни навивачи го направиле прекинот со напад врз гостински фудбалери, но сега и ФК Фортуна реагираше за овој инцидент и ги демантирате овие информации, а како што се вели во соопштението работите биле поинаку.

„По низа неточни информации објавени на неколку портали без да се побара мислење и од нашата страна, сакаме пред јавноста да ја изнесеме вистината околу случувањата на натпреварот против ФК Пчиња на 05.10.2025 година.

Како прво, гостинскиот клуб не ја извести ниту нашата управа, ниту МВР дека ќе има организирана публика на натпреварот, што претставува обврска според пропозициите и безбедносните протоколи за првенствени средби.

Навивачката група на гостите, во алкохолизирана состојба, во текот на целиот натпревар постојано провоцираше, и во 75-тата минута физички нападна дете од Сингелиќ на домашната трибина. Нашата публика реагираше единствено за да го заштити детето, без претходно да има каква било провокација од нивна страна.

Во ниеден момент не станува збор за роднини или пријатели на гостинската екипа, туку за навивачка група која очигледно имала за цел да предизвика инцидент и на тој начин да го наруши текот на натпреварот.

Што се однесува до настаните на теренот, гостинскиот голман, без никаква провокација, по инцидентот на трибината, со погрдни зборови го навредил и физички го нападнал нашиот играч со број 33, кој, иако на недозволен начин реагирал, за својата реакција доби црвен картон.

По инцидентот, клубот веднаш ја испразни трибината и создаде целосно безбедни услови за продолжување на натпреварот, но гостите одбија да продолжат и го злоупотребија гостопримството што им беше укажано.

ФК Фортуна 1975 ги отфрла сите обвинувања и нагласува дека натпреварот беше организиран по сите правила, прописи и спортски стандарди.

Нашиот клуб ќе продолжи да се бори само на спортски терен и да го штити угледот на спортот, публиката и нашата заедница“, стои во соопштението на Фортуна.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!