Трета лигаФудбал

ФОТО: Што се случуваше на мечот меѓу Фортуна и Пчиња?

Сподели
ФОТО: ФК Пчиња
Сподели

Натпреварот меѓу Фортуна и Пчиња од 5. коло на Трета лига – Север не го дочека својот крај и истиот беше прекинат во 75. минута при резултат од 1:1.

Како што веќе објави Спортска Мрежа по само пет минути игра Димитар Стојановски постигна гол за водство на Пчиња од 0:1, а во 35. минута од средбата домашниот тим преку Фисник Агуши дојде до 1:1.

Во вториот дел поточно во 75. минута натпреварот бил прекинат поради напад на гостинската навивачка група од страна на домашната публика, при што настанал неред на трибината.

По 15-минутен прекин гостинската екипа одбила да продолжи со игра поради физички напад врз нивниот голман од страна на домашниот фудбалер со број 33.

„Во 75-та минута од натпреварот настана прекин поради напад на гостинската навивачка група од страна на домашната публика, при што настана неред на трибината. Во инцидентот реагираа и фудбалерите на двете екипи, а по 15-минутен прекин гостинската екипа одби да продолжи со игра поради физички удар врз нивни играч (голман) од страна на фудбалер со број 33 на домашната екипа. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Снимката е предадена на контролотот. Следува дополнителен извештај“, ова е заведено во официјалниот записник од натпреварот во делот за примедби на делегатот.


По натпреварот изјава даде и шефот на стручниот штаб на Пчиња, Часлов Вукановски во однос на овој немил настан.

„Натпреварот беше тензичен и се играше константно под притисок, нашата екипа поведе рано, нешто подоцна израмни екипата на Фортуна и со резултат 1:1 заминавме на паузата. Се беше во ред се до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика, напомена дека тоа беа роднини и пријатели на нашите играчи, а не навивачка група! Во 75тата минута ситуацијата ескалираше, беше бутната заштитната ограда и навивачите на Фортуна влегоа на терен, ситуацијата се смири и играта продолжи, но еден од играчите на Фортуна кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи физички го нападна нашиот голман Никола Стојановски кој при овој напад остана без свест и во состојба кога нашиот голман лежеше на теренот 5 или 6 фудбалери го “клоцаа” на теренот, нормално во таква ситуација нашиот играч Боби Стојановски сакаше да го заштити нашиот голман, но и тој беше физички нападнат од играчите на Фортуна. Нешто подоцна делегатите донесоа одлука натпреварот да продолжи, но нашта екипа немаше услови за такво нешто бидејки нашиот голман беше пренесен итно во болницата во Куманово, каде сеуште се наоѓа, а нашите млади играчи беа преплашени од таквата ситуација. Сето оваа надлежните од ФФМ можат да го видат на видео снимките од натпреварот и веројатно ќе се донесат најстроги санкции за играчите на Фортуна за таквото вандалско однесување на еден спортски настан. Исто така нашата екипа мораше да причека да дојде “интервентната” полиција за да го напушти теренот, напомена дека истиот проблем го пријави и нашата публика! Сега на потег е ФФМ и сигурни сме дека ќе донесе реална и правична одлука за денешниот немил и неспортски настан што се случи на стадионот на Фортуна во Сингелиќ“, вели Вукановски.

ФОТО: ОФИЦИЈАЛНИОТ ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ: ФОРТУНА – ПЧИЊА

Остануваме да видиме што ќе биде конечната одлука од страна на надлежните тела во ФФМ и како овој натпревар ќе биде регистриран.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!