РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У19 ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 9 и 12 октомври ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Натпреварите ќе се одиграат во Даниловград и Подгорица.

Селекторот Ерхан Селими за овие проверки ќе смета на следниот состав:

Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павел Трјковски (Партизан, Србија)

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар), Агон Бајрами (Фортуна Дизелдорф, Германија), Мичо Поповски (Вардар)

Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (Коге, Данска), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија)

Напад: Хисар Али (Фероникели, Косово), Стефан Бранковски (Марибор, Словенија), Давид Ивановски (Винтертур, Швајцарија)

Репрезентацијата до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство. Турнирот ќе се одржи од 12 до 18 ноември во Португалија, каде што нашите надежи ќе се соочат со селекциите на Португалија, Белгија и Естонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа и пораз го заврши настапот на ФИБА YDF кампот во Чанаккале

Со победа на машката и минимален пораз на женската селекција, Македонија го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски најавува максимален пристап: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард: Целта е да ги победиме следните два натпревари

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!