Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Никола Ѓоргиев: Добивме тешка група, но Македонија знае да сонува големи соништа

Сподели
Сподели

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, од Букурешт внимателно ја следеше ждрепката за Европското првенство 2026 (ЕвроВолеј), која синоќа се одржа во Бари. Неговиот заклучок е јасен – тешка ждрепка, но со оптимистички тон и силна верба во тимот.

Македонија ќе биде дел од групата Б во Варна, каде ќе се соочи со домаќинот и актуелен светски вицешампион Бугарија, како и со Полска, Украина, Португалија и Израел.

„Овојпат на Европското првенство влегуваме без еуфорија и големи очекувања, за разлика од 2023 година кога бевме домаќини и имавме нешто полесна ждрепка. Сега сме најслабо рангираната селекција во групата и сите противници не гледаат како на тотални аутсајдери,“ изјави Ѓоргиев.

Добивме навистина силна група со два изразени фаворити – Бугарија и Полска. Украина, Португалија и Израел се репрезентации со кои ќе водиме голема борба, но никој не може да ни забрани да сонуваме за осминафинале. Важно е да сме живи, здрави и сплотени, додаде капитенот.

Ѓоргиев потенцира дека Македонија ќе влезе во првенството со поинаков пристап и повеќе искуство:
Сега знаеме како е и да се победува и да се губи. Имаме три Европски првенства зад нас и знаеме што нè очекува. Ќе ја играме нашата игра, ќе работиме напорно и ќе бидеме најдобри кога ќе биде најпотребно. Потешко можеше, но можеше и полесно – најважно е што повторно сме дел од едно големо натпреварување и тоа само по себе е големо задоволство.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!