Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

Сподели
Сподели

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028, македонските ракометари денеска ги очекува нов предизвик. Избраниците на Кирил Лазаров гостуваат кај Грција во Халкида, во обид да ја продолжат успешната серија и да освојат нови бодови во трката за место на континенталниот шампионат.

Историјата на меѓусебните квалификациски пресметки е на страната на Македонија. Двете репрезентации досега одиграле осум натпревари во квалификациите за Европските и Светските првенства, а нашиот национален тим славел на шест од нив, додека двапати загубил.

Интересен е податокот дека на четирите досегашни гостувања на грчка територија, Македонија има по две победи и порази. Успесите ги остварила во Атина, додека неуспешни биле гостувањата во Кукуш и Кожани. Исто така, разликите во тие средби биле минимални – победите биле извојувани со два гола, а поразите биле со еден и два гола разлика, во 2002 и 2018 година.

Денешната средба носи нова можност за македонските ракометари да го потврдат позитивниот биланс и да направат важен чекор во квалификациската група.

Натпреварот Грција – Македонија започнува во 16:00 часот во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида. Влезот е слободен, а се очекува исполнета сала до последното место.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!