РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот на Македонија У17 за квалификацискиот турнир во Струмица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската репрезентација до 17 години од 8. до 14. октомври во Струмица ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за место на ЕП. Нашата селекција е во група со Унгарија, Чешка и Гибралтар.

Селекторот на репрезентацијата до 17 години, Влатко Колев за квалификациските натпревари ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Лука Грчевски (ФК Црвена Звезда, Србија), Амин Суловиќ (Скопје)

Одбрана: Филип Цветковски (Вардар), Марко Иванов (Копер, Словенија), Матеја Масев (Црвена Звезда, Србија), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Никола Митев (Сасуоло, Италија)

Среден ред: Амер Бајрами (Работнички), Алек Чедомирски (Македонија ЃП), Андреј Цветковски (Вардар), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП), Јасмин Ѓоргиев Лука (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП), Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Ердин Мамути (Работнички), Михаил Митревски (Македонија ЃП)

Напад: Фадил Исламовиќ (Кустошија Загреб, Хрватска), Марко Мирчевски (Охрид Лихнидос), Васко Папалиски (ФК Парк), Јаков Стојковски (СЦ Падерборн 07, Германија)

“Не очекува квалификациски турнир на кој сме домаќини и се надевам дека момците ќе дадат сѐ од себе во дуелите со Унгарија, Чешка и Гибралтар и достојно ќе ја претставуваат Македонија. Секако дека фаворитската улога им ја препуштаме на Чесите и Унгарците, но и ние имаме респектабилен состав, во кој секој доколку го даде својот максимум и со малку среќа, сѐ е можно. Се надеваме на позитивен резултат. Драго ми е што сите играчи се одѕваа на повикот, вклучително и оние кои настапуваат во странство. Во недела патуваме за Струмица, каде во мирна атмосфера ќе се подготвуваме за првиот дуел во среда против Унгарија. Верувам во овие млади фудбалери, тие имаат голем потенцијал и со вистински пристап можат да направат чекор напред во нивниот развој и да ја израдуваат нашата публика“, вели селекторот Влатко Колев.

Македонската репрезентација, турнирот го отвора против Унгарија, на 8. октомври (13:00 часот), на 11. октомври ќе се соочиме со Чешка (13:00 часот), а последниот натпревар е против Гибралтар на 14. октомври (13:00 часот).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21 го совладаа Младост 1977 од Богданци во натпреварот од осмото коло...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека Тиквеш мораше добро да се помачи за да стигне до нови...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!